Tuesday, October 15, 2013

Hot Drink for Cold Days...


Рецепт за  Cafe Brulot

Кога надвор е ладно најдобар начин да го поминувате вашето време е во вашиот топол дом заедно со луѓето кои ги сакате, пиејќи сладок топол пијалак.

Потребни состојќи:
  • портокал
  • сварено кафе
  • ракија
  • шеќер
  • цимет
  • бибер
Начин на подготовка:

На средна температура загревајте 250ml ракија заедно со 2-3 зрнца бибер, цимет (количина по ваш избор), три супени лажици шеќер, и кора од портокал.
Одкако смесата добро ќе се загрее тргнете го садот од оган и внимателно запалете ја течноста со шкорче (не е многу опасно, како што звучи :) ). Оставете да гори 1-2 минути, потоа полека додавајте од 500 до 750ml жешко јако кафе, и мешајте додека не стивне пламенот. 
По желба можете да исцедите малку портокал. Послужете и украсете со кора од портокал . 
Нека Ви е на здравје!


No comments:

Post a Comment