Thursday, November 28, 2013

Рецепт: Топол пијалок за ладните денови

Ладното време е створено за топол пијалок, споделен со најблиските...
Изненадете ги вашите најсакани со неодолив пунч.

Потребни состојки:
  • 1л црно вино
  • 1/2 л  црн чај
  • 1/2 л рум
  • 1 портокал
  • 1 лимон
  • 500г шеќер
  • 1-2 лажици цимет
Начин на подготовка:

Во длабок сад се ставаат црниот чај, виното, циметот и исцедениот лимон и портокал. Сето тоа заедно се вари на оган, меѓутоа треба да се внимава да не зоврие. Смесата се претурива во стаклен сад и се додава шеќерот. Се додава румот и добро се промешува.

Се служи во стаклени чаши, со цимет, лимон или портокал. 

Спремно за посложување... Нека Ви е наздравје!


Жешки есенско/зимски нијанси на кармин!

Оваа сезона темниот кармин преовладува насекаде.


Меѓутоа, изборот на нијанса кармин за вашите усни, на сите нас ни е јасно дека претставува еден проблем, бидејќи не е лесно да се избере нијансата која одговара на нашиот тон на кожата. Еве на што треба да се внимава, за да не се погреши во изборот на боја.

1.Светол тон на кожата

Праска и розова боја, прекрасно би изгледале на вашите усни доколку имате светол тен на кожата. Секако нема да погрешите доколку се одлучите и на црвена боја. Меѓутоа треба да знаете дека темно црвена и темно кафена треба да се одбегнува.

2. Темен тон на кожата

Чоколадото и темно црвената е најдобар избор за ваквиот тон на кожата. За преку ден можете да изберете карамел или праска боја. Вино нијансата е најпрепорачлива за ноќните часови. Доколку сакате да испробате и со портокалова и корал нијанса, ве уверуваме дека нема да погрешите.

Доколку вашата кожа не изгледа ни премногу светла ни премногу темна, тогаш бронзените нијанси на кармин можат да бидат најдобри за вашите усни. Може да изберете розева нијанса за преку ден, за вечерни часови светкав црвен кармин, ќе направи да имате ласкав изглед.


Најпопуларни нијанси на кармин оваа сезона се следните:





Tuesday, November 26, 2013

Чувствувајте се убаво и топло, дури и во студените денови...


Само затоа што е ладно надвор, не значи дека вашата облека треба да биде досадна...
Всушност, повеќе опции за облекување имаме во поладното време... 
Ви претставуваме неколку комбинации кои ќе ви дадат идеја да изгледате симпатично и пријатно цела сезона!
















Интересен мебел од штици

Доколку имате слободно време, стари дрвени парчиња и боја, разбудете ја вашата креативност и направете мебел за вашиот дом или двор. Еве неколку идеи:










Monday, November 25, 2013

Супер креативни начини за чување на вашиот накит


Врамете ги парчињата накит
Искористете стара рамка или направете рамка со помош на штички. За просторот во средина може да искористите морска пена или дрвена штица на која ќе прикачите повеќе помали шајки.
Ставете ги на закачалка
Искористете стара закачалка и префарбајте ја за да ви користи за чување на вашиот накит.
Ставете ги на статуетка (или фигура од глина која може да ја направите сами)
Закачете ги на метална мрежа
Искористете го вашиот плакар
 Организирајте го накитот во пластични кутичиња
Искористете стара рамка за слики
Извадете ја внатрешноста и закачете неколку реда метални жички на кои ќе стои накитот.

Закачете го накитот во мини дрвено орманче
Шишињата се одлични за редење на вашите белегзии
Организирајте како во излозите за накит
Закачете ги на шајки
Уредно организиран накит во форма на тетратка
Албумите за слики кои се наменети за лепење на сликите се одлични за ваква употреба а и не се многу скапи.
Закачете го накитот на штица
Исфарбајте ја штицата по ваш вкус и закачете шајки или нешто слично кое би ви послужило за закачување на накитот.
Искористете стар порцелан, сервис за кафе или сл.

Ништо не е поважно од семејството!


Sunday, November 24, 2013

Моден камбек: карирана облека


Меѓу многуте нешта кои прават камбек во модниот свет, не би можеле да ги прескокнеме и карираните парчиња облека. Оваа есен слободно одберете кариран фустан, карирано здолниште, кошула, капут итн. Само внимателно комбинирајте ја карираната облека. Карираната кошула, на пример, најдобро е да ја комбинирате со здолниште или панталони во една боја.