Tuesday, December 31, 2013

Бадникови посни колачиња со сончоглед

Направивме совршен десерт за на бадниковата посна трпеза, па го споделуваме со вас!


Потребни состојки:
200 мл пиво
200 мл масло
1 лажичка сол
200 г сусам
100 г лупен сончоглед
1 прашок за пециво
Брашно (произволно за да се замеси тестото)

Начин на подготовка:
Сите состојки се додаваат во еден сад и се размесуваат добро. Од тестото се прават најразлични фигури, како срце или цвет со помош на калап за колачиња.

Се печат на 220˚ степени до 20 минути (додека добро да заруменат).



Добар апетит!

Wednesday, December 25, 2013

„Небеска Тимјановна“ - Петре М. Андреевски

„Многупати ми доаѓа да ги затворам очите, така одненадеж, од добростоење ќе ми дојде да ги затворам очите. И, згора на тоа, ми иде и да се покријам преку глава и, така насамо, одново да се гледаме со смртта која честопати ми стоеше понаблиску од животот. Кога ја видов првпат во нејзината прва форма, во нејзиното престорување и присторување? Не знам точно да си одговорам, но барем имам право да поставувам прашања.“

Извадок од „Небеска Тимјановна“ на Петре М. Андреевски


Tuesday, December 24, 2013

Практична мода: Еден џемпер во повеќе различни комбинации

Модата е вистински начин да ја покажете вашата креативност, а доколку сте умешни ќе успеете да заштедите притоа изгледајќи навистина одлично. Она кон што треба да целите е попрактично парче облека кое лесно ќе го коминирате за повеќе пригоди како и со поголем дел од вашата облека.
Да земеме за пример едноставен, сив џемпер.


1. Формален изглед
2. Секојдневно и опуштено

3. Женствено и лежерно



Thursday, December 19, 2013

„Умилкување“ - Петре М.Андреевски


Ќе ги отпретам сите горештини од твојата глава,
ко суво дрво на сува рида реките ќе ги заковам.
Ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња
ќе те љубам и губам и во пости и пред гости
само да ме сакаш.
Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила.
Сите светлосни преѓи пресијазол ќе ги врзам,
сите денови и ноќи на својот почеток ќе ги вратам,
ќе ти дадам се што е солено и молено
само да ме сакаш.
Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам
ќе ги затнам сите извори, се што гори ќе отворам.
Ќе направам да не се знае кај е лево и десно,
ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица
само да ме сакаш.
Ќе ги шпионирам сите крадци на твоите часови.
Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот
и светот, по црна ноќ, одмижанка ќе го истрчам
и ќе те фалам и кудам под сите небеса
само да ме сакаш.
Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено,
на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас,
со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
само да ме сакаш.
 

Tuesday, December 17, 2013

Училишен алманах

Сликањето за училишниот алманах е една од најубавите и највозбудливи случувања, но што се случува кога еден лош чичко зад апаратот ги тера децата да се соочат со суровата реалност?

А што е пак со таквите кои не ја тргаат лесно насмевката од своето лице?

Погледнете го ова слатко видео кое ќе ве насмее и расположи.



School Portrait from Michael Berliner on Vimeo.

Светликави и сјајни новогодишни идеи за маникир














Sunday, December 15, 2013

Моден блогер: Тамара Калиниќ


Оваа девојка, по потекло од Србија, се преселила во Англија во 2007 со намера да ги следи своите соништа. Себеси се опишува како моден блогер и вљубеник во животот и вели дека модата можеби не е најважна работа на светот но со сигурност е потреба и нешто со кое можеш да се забавуваш истакнувајќи ја својата креативност.
Ова се дел од нејзините највпечатливи изгледи за оваа сезона. Нејзиниот блог може да го погледнете тука.











„Сеќавање“ – Петре М. Анреевски


Дали се сеќаваш кога прв пат се сретнавме,
и кога ме гледаше, правејќи се дека не ме гледаш

и кога јас те гледав, како да не те гледам;
и кога ти реков: тој што ќе го прашаш за мене
оној е за кого прашуваш.
И кога потоа се држевме за раце,
како живиот оган што се држи за огништето.

Дали се сеќаваш кога се враќавме дома,
и кога, пред да не наврне дождот, ми рече:
падна првата капка - почетокот на поплавите,
доаѓа водата што е корен на секој корен,
што е фитил во зрното, во икрата, во ципата
во кои се подготвува светската експлозија.

Дали се сеќаваш кога со едната рака работев,
а со другата те хранев и те милував
и кога ти реков дека прегратката и бакнежот
не ја кажуваат ни половината од мојата љубов;
кога срцата ни грмеа и го заглушуваа светот
и кога ти ми рече, не знам што ми рече,
и кога јас ти реков, не знам што ти реков
и кога она што не можев да ти го кажам
беше меѓу моите зборови заостанато.

Дали се сеќаваш кога ја отвори вратата,
покажувајки ми колку е убав надвор денот
и кога јас ти реков дека и дома е убаво
и убаво е секаде кај што ти престојуваш.
Ти рече: погледни! а мислеше - Те гледам,
јас ти реков: гледам, а мислев - Ме гледаш,
кога Земјата се преобуваше, се преврзуваш,
кога се’ беше јасно во јасното сонце
и качунката на повисоко си ја качуваше воздишката,
што беше несреќна само кога не е со тебе...



„Дениција“ - Петре М. Андреевски

Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот....
Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
ако таа не се родеше...




„Трета молитва на моето тело“ - Ацо Шопов


Што си: девојка, жена, мајка? Што си
ти што бдееш пред овој храм во кој со тишина се лечи
телото мое, молитвено што клечи.
Светлина ли, мрак ли твоето идење му носи.
Што си: девојка, жена, мајка, што си?

Што си ти застаната со спокој темен
пред ова тело чиј глас со виј го гони
ветрот што лута под тајни небосклони,
чиј глас е жед и виј на вијот земен.
Што си ти застаната со спокој темен?

Што си ти: девојка, жена, мајка,
ти – скаменета пред влезот на овој храм
со моќно име: ПОБЕДУВАМ,
па ова тело возвишено го крена.
Што си ти: девојка, мајка, жена?


„Песна за нејзината песна“ - Петре М. Андреевски

Немаше земја кај што не ја сретнав неа,
оти без неа бев никој и никој не ме познаваше.
По нејзината воздишка го запомнував воздухот
за да можам да ја стигнам, незабележан од никого,
но таа беше побрза од сите небесни светлини,
зашто секаде сама си го осветлуваше патот.
Објаснувајќи ја како семир во купечко јаболко,
главата ми ce полнеше со запаливи течности,
бели и црвени дождови капеа од овошките,
житата и шумите ја следеа во групни походи
и cе` околу неа ја добиваше нејзината форма...

Thursday, December 12, 2013

Разбудете го празничниот дух преку вашиот изглед