Wednesday, October 16, 2013

Рецепт: Крем Бруле

Кој е за француски шмек во својата кујна? Несекојдневен рецепт бидејќи не потекнува од нашата гурманска култура, но во секој случај вреди да се проба!
Предупредување: може да го утнете при првиот обид за подготовка, но веќе вториот ќе биде вистинска сензација, ви ветуваме.

Потребно:
6 жолчки од јајца
75 г шеќер
25 г кафеав шеќер
3 мл екстракт од ванила
600 мл слатка павлака

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 степени. Во меѓувреме во еден сад додајте ги жолчките од јајцата, 4 лажици бел шеќер и екстрактот од ванила. Матете додека смесата не стане хомогена.

Во друг сад за готвење ставете ја слатката павлака и загрејте ја на ниска температура. Потем тргнете ја од шпоретот и промешајте ја заедно со другата смеса (таа со жолчки и шеќер). Смесата префрлете ја во друг сад а тој сад поставете го во поголем сад во кој има вода која врие. Оставете да вари неколку минути.

Потоа смесата ставете ја во огноотпорен сад и оставете да се пече во рерна околу половина час. После тоа, оставете да се лади во замрзнувач околу еден час.

За тоа време во еден сад додајте две големи лажици бел и две големи лажици кафеав шеќер. Смесата извадете ја од замрзнувач и поросете ја со мешавината од бел и кафеав шеќер. Потоа се повторува постапката од претходно, така што повторно овој сад ќе го ставите во поголем во кој врие вода. Оставете да врие околу две минути. Друга варијанта е да го растопите шеќерот и така да го додадете врз смесата.

Добар апетит!


No comments:

Post a Comment