Thursday, October 31, 2013

Рецепт: Ликер од чоколадо

Сите можеме да потврдиме дека чоколадото и алкохолот одат во одлична комбинација. Подгответе за вашите најблиски лесно и едноставно ликер од чоколадо, на кое ни Вие ни останатите нема да останете рамнодушни.

Што ви е потребно?
  • 1l млеко
  • 1kg шеќер
  • 200g какао во прав
  • 50g растопено чоколадо
  • 2dl рум
Начин на подготовка:

Најпрвин, во тенџере ќе го растопите чоколадото, па потоа во истото го додавате млекото заедно со какаото во прав. 
Постепено додавајте го и шеќерот во прав, и мешајте се додека целата смеса не се соедини.
Откако ќе проврие неколку секунди, тенџерето се трга од оган и се остава на страна да олади.
Кога смесата ќе олади, можете да го додадете румот( никако не го додавајте румот ако смесата не е целосно оладена), а потоа заедно се остава во фрижидер, и најмалку еден саат да стои на ладно.
Во послужувањето можете да го декорирате по Ваш избор со цимет, рендано чоколадо или шлаг.

..ммммм, па нека Ви е назадравје!!



No comments:

Post a Comment