Monday, October 14, 2013

Кога еднаш ќе се собереш себеси, светот околу тебе ќе биде во ред

„Една вечер, по напорниот ден во канцеларијата, таткото се одморал читајќи весник. Сакајќи да си игра, синот постојано го малтретирал. Конечно кога му здодеало, таткото земал од весникот слика на глобус и ја искинал на стотина ситни парчиња. 'Еве, сине, обиди се да ја составиш оваа слика', рекол со надеж дека тоа долго ќе го преокупира детето за тој да може да заврши со читањето на весникот. За негово чудо, по една минута синот се вратил со совршено склопена слика. Кога вчудоневидениот татко го запрашал како го направил тоа, синот љубезно одговорил:

- 'Тато од другата страна на глобусот имаше слика од некој човек, и кога го наместив човекот и светот беше во ред'. "


No comments:

Post a Comment