Saturday, October 12, 2013

Која боја можете да ја носите оваа есен?


Есен 2013 е добра сезона да се чувствувате живо. Иако есента и не ја сакаме многу поради потемните бои и потешкиот материјал, овој пат со светли и смели нијанси ние сме во предност.

За да направиме подобра распределба  во продолжение ви нудиме десет бои кои вие можете да ги прифатите сега или да ги оставите во мирување сè до пролет.

1.       Имајте розова боја

Каков тип на розово? Буквално секоја розова боја која можете да ја замислите, започнувајќи од најсветло розова па се до најтемна. Без разлика на изборот на нијанса нема да погрешите во никој случај, па немојте да се плашите да носите светло во есенските темни денови.



2.       Имајте црна боја

Тогаш кога некој ќе ви каже дека црната боја не е ин оваа сезона, да знаете дека ве излажал. Доколку сакате да се фокусирате на трендот, изборот на мат црна боја нема да ве разочара. Кожата се користи најмногу ова есен.



3.       Имајте виолетова боја

Есента 2013 може да биде особено возбудлива кога ќе одберете бестрашна боја, а изборот на виолетова боја зрачи со енергичност. Доколку изберете шминка од типот темен кармин или „зачадени“ очи, вие му го давате најпотребниот поп изглед на секој темен ден.


4.       Имајте тиркизна боја

Оваа боја можете да ја носите секаде, со се, во секое време. Доколку сте малку повеќе смели можете да ја искомбинирате со зелена боја.


5.       Имајте беж боја

Со изборот на оваа боја има нрешто што ѝ контрира на есента. Мислиме на голи тонови, бои помеѓу кафеава и неутрална, бои во кои изгледате женствено.


6.       Имајте црвена боја

Дали некој се сеќава кога црвената боја беше резервирана само за облека која мора да ја имате за вечерно излегување? Па не денес пријатели. Црвената боја (во сите нијанси и големини), е насекаде оваа есен 2013, ја има од џемпери па се до здолништа. Време е да се носи црвена боја денес.


7.       Имајте пастел боја

Доколку сакате драматичен пад на вибрации, користете пастел да ја комплетира вашата облека преку модни додатоци, лак за нокти, сенка за очи и сл.


8.       Имајте жолта боја

Пастелна жолта се користи најмногу оваа есен, што е можно посветла – подобро. Можете да ја комбинирате со сина, црна, црвена, или кафеава боја.


9.       Имајте сина боја

Таа е енергична боја која го прави есенскиот изглед спектакуларен. Исто така, изборот на  индиго нијанса нема да ве разочара.


1.   Имајте сива боја

Есенските денови можат да бидат здодевни, но не додека има сива боја во колекцијата. Немојте да се плашите да ја додадете оваа боја преку модните додатоци. Најдобриот стил секогаш се издвојува.


No comments:

Post a Comment