Дали се сеќаваш кога прв пат се сретнавме,
и кога ме гледаше, правејќи се дека не ме гледаш
и кога јас те гледав, како да не те гледам;
и кога ти реков: тој што ќе го прашаш за мене
оној е за кого прашуваш.
И кога потоа се држевме за раце,
како живиот оган што се држи за огништето.
Дали се сеќаваш кога се враќавме дома,
и кога, пред да не наврне дождот, ми рече:
падна првата капка - почетокот на поплавите,
доаѓа водата што е корен на секој корен,
што е фитил во зрното, во икрата, во ципата
во кои се подготвува светската експлозија.
Дали се сеќаваш кога со едната рака работев,
а со другата те хранев и те милував
и кога ти реков дека прегратката и бакнежот
не ја кажуваат ни половината од мојата љубов;
кога срцата ни грмеа и го заглушуваа светот
и кога ти ми рече, не знам што ми рече,
и кога јас ти реков, не знам што ти реков
и кога она што не можев да ти го кажам
беше меѓу моите зборови заостанато.
Дали се сеќаваш кога ја отвори вратата,
покажувајки ми колку е убав надвор денот
и кога јас ти реков дека и дома е убаво
и убаво е секаде кај што ти престојуваш.
Ти рече: погледни! а мислеше - Те гледам,
јас ти реков: гледам, а мислев - Ме гледаш,
кога Земјата се преобуваше, се преврзуваш,
кога се’ беше јасно во јасното сонце
и качунката на повисоко си ја качуваше воздишката,
што беше несреќна само кога не е со тебе...

No comments:
Post a Comment